Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите.
Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите верници од исламската заедница им посакувам овие празнични денови да донесат духовен мир, разбирање и заедништво во секој дом. Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен.Нека е честит и вековит празникот Курбан Бајрам”, порачува во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче