Средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци. Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина. Мојата цел е како пратеник да бидам во постојана комуникација со луѓето кои ги претставувам и нивните барања да ги преточам во конкретни предлози и закони во Собранието. СДСМ е партија на граѓаните, се што работевме работевме во интерес на сите. Како таква, СДСМ мора да биде поблиску до луѓето и да го унапреди начинот на комуникација со нив.