Според него, благодарение на тогашната политичка волја и соработка меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се надминал деценискиот спор кој ѝ го блокираше патот на државата кон НАТО.
„Преспанскиот договор реши децениски проблем меѓу Македонија и Грција и овозможи на Македонија да стане членка на НАТО, за жал не станавме на ЕУ. Но амбицијата е се уште тука но сега имаме десничарска влада во нашата земја која нема волја да ја турка земјата напред и тоа сега е како вакцина која ја примивме со НАТО, а сега не ја примивме втората доза“, изјави Венко Филипче.
На критиките од Филипче одговори ВМРО-ДПМНЕ, со обвинување дека напаѓајќи ја власта, „од сред Грција“ и „по стапките на Заев“ „ја кодоши и ја напаѓа Македонија“.