Во моментов, ВМРО-ДПМНЕ се служи со секојдневни оцрнувања на прес-конференции за да избега од одговорноста да им овозможи повисоки плати на работниците. ВМРО-ДПМНЕ има проблем со работниците, не со синдикатот. Вие со право барате пристојна плата со која може да се живее, а тие смислуваат подмолни приказни за да ве обвинат дека сте политички мотивирани, реагира лидерот на политичката партија СДСМ, откако владејачката партија обвини дека првиот човек на Созјузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов е пиун на СДСМ, ДУИ и Левица за политичките барања – На ВМРО-ДПМНЕ му пречи секој што бара праведен приход. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати во услови кога ни три минимални плати не се доволни да се покријат основните трошоци за живот. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати кога владата не прави ништо да го спречи ненормалниот раст на цените. Ова не е политичко прашање, но ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи токму тоа, партиска пресметка за да избегне од одговорност. Но, зошто кога беа во опозиција, го поддржуваа синдикатот? Зошто тогаш беа за работниците, а сега се против нив? Одговорот на секој од вас му е јасен – тогаш им беше политички згодно, а сега веќе не сте им потребни – вели Филипче.
Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да ги поддржува граѓаните кои бараат достоинствен приход, ќе продолжи да поднесува закони во Собранието и да стои цврсто во заштитата на граѓаните. – Попусто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да нè замолчи. А не смее да ве замолчи ни вас, работниците – изјави лидерот на СДСМ. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини Трендафилов за „очајни обиди да глуми независен“. – Тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ. Прес-конференцијата којашто ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ. Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност. Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ – се вели во соопштението од партијата.