Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме – вели тој. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство.
-Јас па напротив мислам дека поголема слобода во општество, во оваа една година, која што е и во медиумите, не постоела. Можеби треба да го прашате врз основа на кои критериуми, кои параметри, тој носи ваков заклучок. Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме. Ние назадуваме во рамките на рефлектирањето на лажни вести и обидот да се спинуваат одредени вистини – изјави Мицкоски. Тој упати совет до претседателот на опозициската СДСМ, дека ваквите изјави не само што се лош пи-ар политики за него, туку се сосема погрешни.
-Можам само да го советувам која било изјава политичка, без разлика каква и да е, која доаѓа од некридибилна личност, посебно тоа што го рефлектира, не го чувствуваат граѓаните, ниту кој било друг тогаш тоа му се враќа како бумеранг и не само што нема добар пи-ар политички за него, туку напротив сосема погрешно, рече Мицкоски. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна конференција во Атина остро ја критикуваше актуелната влада во Македонија, нарекувајќи ја „десничарска и авторитарна“, со оценка дека не прави доволно за напредок во европските интеграции. Во своето обраќање, тој потсети и на значењето на Преспанскиот договор, кој, според него, претставувал пример за визионерско лидерство и храброст, благодарение на кое Северна Македонија станала членка на НАТО.