Македонскиот министер за правда Игор Филков и црногорскиот министерот за правда Бојан Божовиќ, кој е во дводневна работна посета на земјава, потпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството, со што се реафирмира заложбата за унапредување на соработката и размената на искуства во неколку клучни области:
– Зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството во контекст на ЕУ интеграцијата; – Подобрување на судската независност и правната сигурност; – Заеднички напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал; – Поддршка за правни реформи и зајакнување на институциите, вклучувајќи можности за институционална и финансиска поддршка;
– Дигитализација на судските процеси и зголемена транспарентност преку е-услуги.
„Црна Гора и Република Северна Македонија делат многу сличности во процесот на реформи, особено во рамки на евроинтеграцијата. Овие реформи, поставени преку Реформската агенда и Планот за раст, се клучни за нашиот напредок кон полноправно членство во Европската унија.
Регионалната соработка е од суштинско значење за успешна имплементација на овие реформи, особено во правосудството. Денешната средба беше одлична можност за размена на искуства и добри практики, кои ќе ни помогнат да ги надминеме предизвиците на патот кон ЕУ“, соопштија од Министерството за правда на РСМ.
View this post on Instagram