6.8 C
Скопје
15/02/2025 14:00
МАКТЕЛ

   

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

     

Министерот за правда Игор Филков во интервју за порталот МКД.мк осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител ,Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност.
,, Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат лесни и секогаш ќе има страна која ќе критикува. Кај широката јавност пак, се чувствува нетрпение, сите сакаат уште побрзо ефикасни решенија кои ќе го унапредат системот, на кој ќе му веруваме сите ние како граѓани. Но ќе треба трпение,  знам дека нема назад, одиме само кон вистинскиот пат, кој најчесто е најтежок и најдолг за жал.
Во однос на државниот јавен обвинител, неговата одговорност е клучна за правилното функционирање на правосудниот систем и довербата на граѓаните во институциите.   Секое мислење од Советот на јавни обвинители е битно за оваа постапка , но важно е да се напомене дека Министерството за правда и Владата нема да се водат исклучиво од мислењата на еден орган, ако тоа значи дека се поддржуваат лица кои не го исполнуваат својот мандат на соодветен и професионален начин.  Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена.  Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство , вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Република Северна Македонија” ,посочи министерот  Филков.
Министерот тврди дека во изминатиот период сме биле  сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање за неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.
,,Одлуката за разрешување на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител не е донесена лесно, но е неопходна. Како Влада, но и како министер за правда, имаме обврска да осигураме дека сите институции, вклучувајќи го и обвинителството, ќе работат во согласност со законите, професионално и со највисоките морални стандарди. Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки во вршењето на својата функција, а едната од најголемите е неговото однесување при поставувањето на в.д. виш обвинител, без да се придржува кон утврдените процедури. Ова не само што е правен пропуст, туку и удар врз принципите на транспарентност и правична распределба на должностите. Поставувањето на в.д виш обвинител, без да се постапи по законски утврдените критериуми, претставува сериозно нарушување на интегритетот и функционалноста на обвинителството. Тоа не само што ги доведува во прашање правата на вработените, туку и самата ефикасност и независност на институцијата”,вели  министерот за правда Игор Филков.
Дополнително, министерот Филков укажува дека во случајот со Коцевски, постоеле наводи и докази дека неговото управување со Обвинителството довело до влошување на внатрешната атмосфера, што го нарушува довербата и ефикасноста на работата на обвинителите.
,,Професионалните и етичките стандарди треба да бидат на прво место, и кога тие се загрозени, мора да се интервенира. Доколку некој, а особено високи функционери во правосудството, не успеваат да создадат соработка и здрави меѓучовечки односи во институцијата, тоа директно ја поткопува нејзината ефикасност и интегритет. Затоа, нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата, каде што ќе се обезбеди ефикасност, независност и правда за сите граѓани”,изјави министерот за правда Игор Филков.
Целото интервју можете да го проследите на следниот линк https://mkd.mk/igor-filkov-najavuvam-pochetok-na-nova-era-vo-borbata-protiv-kriminalot-i-korupcijata/

 

Најново

Петкоска: Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Акцискиот план, придонесуваат за поголема вклученост на жените во политиката и родова рамноправност во законодавниот дом

Sase Ivanovski

Левица: ПИОМ тоне во долгови, Мемов молчи за криминалите на кадарот на Гаши

Sase Ivanovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

Sase Ivanovski

Анкета во Израел: Дали граѓаните се за продолжување на војната во Газа или придржување до прекинот на огнот?

Sase Ivanovski

Акција за отплата на долгови на ЈП Водовод и канализација – Скопје без пресметка на камата заклучно до 02 Април 2025 година

Sase Ivanovski

Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Здравството е во хаос, специјализантите чекаат работа а Таравари тера етнички теми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС, затоа треба да биде сменет

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална

Sase Ivanovski

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

Sase Ivanovski

Синдикалната или кошница што ќе ја изработуваат неколку институции ќе биде репер за реалните трошоци на граѓаните

Sase Ivanovski

„Еурактив“: Понижување на Европа

Sase Ivanovski

Американската бура во македонскиот песок

Sase Ivanovski

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив

Sase Ivanovski

Левица: Директорот од ЗНАМ Мемов молчи за криминалите во ПИОМ

Sase Ivanovski

Македонски камионџија учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија, едно лице загина

Sase Ivanovski

Малку Хумор.-Валентајн или Св.Трифун

Sase Ivanovski

Ваноли: Елмас веќе покажа дека е важен фудбалер

Sase Ivanovski

Пругата Скопје – Солун два месеца во аут: Дотурот на стока нема да запре, повеќе работа за камионџиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

Sase Ivanovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Sase Ivanovski

Велешанка истепала дете и фрлала камења кон него, а се заканувала на неговата мајка: Судот и одреди притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси е доказ плус дека е потребна итна смена на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Тетовчанка нападнала полицаец во угостителски објект

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Тексас

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува со активностите на Безбедносната конференција во Минхен

Sase Ivanovski

Муцунски ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Георгиев

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Sase Ivanovski

Пановски: Утре да го смениме Уставот, Бугарите ќе имаат нови барања, но барем ќе тргнеме некаде

Sase Ivanovski

Венс и Зеленски имале „добар разговор“, украинскиот претседател уверуван дека администрацијата на Трамп сака траен мир во Украина

Sase Ivanovski

Ако веќе повторно се отвора Уставот, зрели сме за целосно нов Устав, вели Ѓулистана Марковска

Sase Ivanovski

Американската армија потврди: Нема да прима трансродови луѓе во нејзините редови

Sase Ivanovski

Трамп за обраќањето на неговиот заменик во Минхен: Брилијантен говор, Европа да биде внимателна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Елмас го постигна првиот гол во дресот на Торино

Sase Ivanovski

Јулија Навалнaja: Нема смисла да се преговара со Путин

Sase Ivanovski

Гувернерката на Народната банка Ангеловска-Бежоска се сретна со холандската амбасадорка Џанел

Sase Ivanovski

Млада тетовчанка нападнала полицаец во селска кафеана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пеш, на велосипед и со трчање, студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

Sase Ivanovski

Вaтикан во вештачката интелигенција гледа „сенка на злото“

Sase Ivanovski

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, порачува Рокас

Sase Ivanovski

Русија и Србија преговараат за американските санкции против НИС

Sase Ivanovski

Рокас: Уставните измени се факт, но да им дадеме шанса на дипломатските активности

Sase Ivanovski

Американскиот потпретседател Венс се сретна со лидерката на АфД, ѝ дал поддршка пред изборите во Германија

Sase Ivanovski

Американец уапсен на аеродромот во Москва

Sase Ivanovski

Стапката на рециклирање во земјава за жал е многу ниска споредбено со Европската Унија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Зголемени приходи од царини во јануари, решавање на статусот на 600 специјализанти и 1180 средномедицински персонал до крајот на годината

Sase Ivanovski

Изет Меџити: 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Sase Ivanovski

НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР МЕЃУ САД И РУСИЈА БЕЗ УЧЕСТВО НА УКРАИНА Зеленски стравува дека Путин ќе сака да постигне двострани преговори со Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шекеринска: Поголеми издвојувања за одбраната се со цел да избегнеме војна

Sase Ivanovski

ГРОМ: Го гласаа за да го врати уставното име, а сега разговара да ни ги смени и грбот и химната. За ова ли гнијат уставобранителите по затвори?

Sase Ivanovski

Агенцијата за национална безбедност започнува со примена на полиграфско тестирање

Sase Ivanovski

Пандов: Некои полицајци кои работат во затворот Шутка не треба да носат униформа – го срамат затворскиот систем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илиевски: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот, туку промена на грбот и химната

Sase Ivanovski

Се огласи Кремљ за нападот на Чернобил:„Уште една измислица“

Sase Ivanovski

Зеленски во Минхен: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Sase Ivanovski

Едукативна трибина за одговорно играње игри на среќа

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана на Трамп: Дипломатијата е важна, но на крајот се важни куршумите и тенковите

Sase Ivanovski

Тројца тешко повредени откако со автомобил излетале од патот кај Македонска Каменица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКИ ПАША ЈАЛИСИ Позната како најскапата куќа во Турција која се наоѓа на брегот на Босфорот во Истанбул.

Sase Ivanovski

Палевски повторно бара изземање на обвинителите, вели дека фалсификувале докази

Sase Ivanovski

Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања, порача Таравари

Sase Ivanovski

Пандов: На дисциплинска двајцата затворски полицајци кои му го дале телефонот на Васил Јованов

Sase Ivanovski

Во ресторан струмичанец избодел сограѓанин

Sase Ivanovski

Жена украла 1000 евра од дебитна картичка, ја поттикнал пријател

Sase Ivanovski

Сума од 12 милони евра од ТАВ за реновирање на 8-ми Септември

Sase Ivanovski

Трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година зголемени за 4.9 %

Sase Ivanovski

Одбраната тврди дека не ги видела пораките што наведуваат дека Палевски планирал да оди во Москва

Sase Ivanovski

ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ ИМА НОВ ЛИДЕР Стерјо Папули е избран за претседател

Sase Ivanovski

ЗАМРЗНАТИ 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА НА ФИРМАТА СО КОЈА ПРАВЕЛ ДУБАРИ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК БИТОЛА Наместен тендерот за ископ во рудникот Брод Гнеотино

Sase Ivanovski

KРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДИРЕКТОР И СЛУЖБЕНИЦИ ВО РЕК-БИТОЛА И ЗА ТРОЈЦА ОД БЈН Правно лице го оштетило буџетот за 178.370.320 денари

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ В САБОТА Хамас сака да го зачува примирјето во Газа

Sase Ivanovski

ЗАГИНА ПАЛЕСТИНЕЦ ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВРЗ ГАЗА Примирјето меѓу Хамас и Ерусалим е на стаклени нозе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДВАЈЦА АВСТРАЛИСКИ БОЛНИЧАРИ РЕКОА ДЕКА ЌЕ УБИВААТ ИЗРАЕЛСКИ ПАЦИЕНТИ Ќе ги праќале во џенемот

Sase Ivanovski

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Болест поврзана со хепатоцитен нуклеарен фактор 1β (HNF1β)

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА НЕ ГО СЛУША ТРАМП Нема да брза со намалување на каматите

Sase Ivanovski

ТРАМП Е СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ТИК-ТОК Може да го продолжи и рокот за престап на мрежата

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ РАЗВЕДАТ ЛИ БЈАНКА И КАНЈЕ ИЛИ НЕ? Еве зошто Ценсори веќе не го поднесува контроверзниот рапер

Sase Ivanovski
Вчитувам....