Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на презентацијата на анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги , изработена од Коалицијата ,, Сите за правично судење” во декември 2024 година.
,,Она што ме радува е што и фелата почна да се занимава со бројки иако тие се во рамките на очекуваното и се лоши. Да оставиме да ги анализираме, да ги разгледаме и да видиме како понатаму. Ова е поразително!” изјави министерот за правда Игор Филков.