Филмот, базиран на исклучително популарната видео игра, беше значително одложуван, но конечно пристигна на големото платно минатата недела .Во него глумат големи ѕвезди како Џејсон Момоа, Џек Блек и Џенифер Кулиџ. Филмската адаптација на „Мајнкрафт“ се покажа како голем успех во сите кино сали низ светот, заработувајќи околу 300 милиони долари на глобално ниво за време на премиерниот викенд, пренесува Би-Би-Си. Филмот, базиран на исклучително популарната видео игра, беше значително одложуван, но конечно пристигна на големото платно минатата недела .Во него глумат големи ѕвезди како Џејсон Момоа, Џек Блек и Џенифер Кулиџ. Проценките покажуваат дека заработката на филмот далеку ја надминува пријавената продукциска цена од 150 милиони долари. Според EntTelligence, околу половина од глобалната заработка доаѓа само од Северна Америка. Бројките од кино салите низ светот доаѓаат и покрај претежно млаките критики за филмот.
„Дефинитивно ги надмина сите индустриски проекции“, изјави Стив Бак, главен стратег во EntTelligence, кој истакна дека филмот уживал во доцнен пораст на продажбата на билети. Мајнкрафт е една од најпродаваните видео игри во светот, и според податоците има продадени над 300 милиони копии ширум светот. Филмот ја раскажува приказната за четворица аутсајдери кои одеднаш влегуваат низ мистериозен портал во „Overworld“ – местото каде што започнуваат сите играчи во Minecraft. Постоела долга историја на неуспешни филмски адаптации на игри. Но други, како Sonic и The Super Mario Bros Movie, беа огромни хитови. Во прес материјалот објавен пред премиерата, Џек Блек призна дека имало голем притисок да се испорача нешто вредно за фановите на блоковскиот свет. Извор: Новинска агенција МЕТА