Финансиката полиција од утрово спроведува акција во Куманово. Полицијата врши претрес во фирмата Пин петрол. Приведена е роднина и братучетка на екс првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.
Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Според јавно достапните информации Пин петрол е фирма која поседува бензинска пумпа, станица за технички преглед, перална за автомобили, комби, автобуси, камиони, супермаркет и ресторан.