МАКТЕЛ

     

Фокусирани кон членство во ЕУ и негување на добрососедските односи, со НАТО ја гарантираме сопствената и придонесуваме кон колективната безбедност, борбата со организираниот криминал и корупцијата остануваат наши приоритети

      

„Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“ беше темата на денешната втора панел дискусија како дел од годишната конференција „Година на нови можности“, на која земаа учество министрите за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, Бујар Османи, Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, како и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф.д-р Никола Дујовски и претседателот на Евро- Атланскиот совет Исмет Рамадани.
Преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, министерот за надворешни работи Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел: членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија.
„Во однос на Бугарија, имаме искрени намери да го вратиме позитивниот тренд на дијалог и соработка, воспоставен минатата година, иако, на краткорочен план, претстојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогрес на билатералните односи.
Сепак, остануваме посветени на смирувањето на тензиите и деескалација на вжештената атмосфера, која се огледа и во непропорционалните реакции за еден единствен случај, за кој државата веднаш ги презеде сите потребни мерки за негово расчистување. Важно да не дозволиме провокативни тенденции од двете страни на границата да го киднапираат процесот во насока, што нема да е од интерес за двете држави.
Но во секој случај е во интерес на трети актери, со кои немаме многу заедничко“, рече Османи, додавајќи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската Повелба, како и со Процесот за соработка во Југо-источна Европа.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот се осврна на позицијата на Северна Македонија во однос на безбедносните предизвици на континентот и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата во која 30 земји се обединети и здружени во гарантирањето на безбедноста на секоја педа сојузничка територија.
„Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Северна Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е – ДА. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“, рече министерката. Во однос на развојот на одбраната и Армијата, Петровска истакна дека за да имаме силна Армија вложуваме во опремување и модернизација, но не смееме да го заборавиме човечкиот капацитет и во тој контекст ги образложи измените во Законот за служба во Армијата минатата година кои донесоа сет на бенефити за армиските припадници, како и законското решение за вработените во одбраната кое е во финална фаза на изработка.
„Не можете да имате силна Армија ако се потпрете само на опремата и вооружувањето, а притоа го занемарите човечкиот капацитет. Токму тоа беше и целта на носењето на овие измени и дополни на Законот за служба во Армија со кои уште повеќе придонесовме за кревање на стандардот на припадниците на македонската армија и притоа она што е најважно – создадовме услови за привлекување на млади кадри.
Можам да споменам само неколку придобивки – редовно покачување на платите, усогласување со минималната плата, понатаму отпремнина за секој војник кој ќе наврши 45 години и тоа во износ кој е поврзан со просечната плата, понатаму следуваат и додатоците за станарина што исто така преставува дополнителна мотивација или дополнително зголемување на стандардот, но истовремено се отвара можноста и за стипендирање на млади кадри“, рече министерката на панел-дискусијата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето како МВР од аспект на внатрешната безбедност се справува со организираниот криминал, шверцот со дрога и корупцијата, како и проблемот со мигрантите, како безбедносни предизвици кои не препознаваат држави и граници посочи дека 2022 за МВР беше успешна година со 2,4 тони запленета дрога со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, со околу 20 тони прекурсори за производство на синтетичка дрога и со рекордни 10,3 тони уништена дрога.
Тој потсети дека во 2022 година се сузбиени 15 криминални групи во кои членувале 79 лица, најголемиот број во областа на недозволената трговија со дрога – 12, составени од 51 член, а спречени се вкупно осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин. „Борбата против трговијата со дрога и оружје, впрочем како и борбата против корупцијата остануваат меѓу врвните приоритети на МВР и во 2023. Ако 2021 ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари, во 2022 откривме 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари.
Сите заеднички продолжуваме да ја биеме таа битка, за подобро општество, за подобра држава“, подвлече министерот Спасовски, додавајќи дека покрај борбата со криминалот, во 2023 година МВР ќе продолжи и со реконструкција и изградба на објекти и полициските станици, проект со кој досега беше опфатена завидна бројка од 78 реконструирани енергетски ефикасни објекти, а на меѓународен план го истакна значењето на јубилејната 50.  Европска регионална конференција, чие претседавање е доверено на Република Северна Македонија, токму кога нашата држава го одбележува јубилејот – 30- годишни од членувањето во оваа втора најголема светска организација по бројот на членство.
Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, проф.д-р Никола Дујовски се осврна на резултатите од страна на полицијата од еден научен, академски аспект.
„Според бројните извештаи, Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и продолжува да биде фактор на стабилност во регионот. Според општите премиси на безбедноста, бројките од борбата со општиот криминалитет, безбедноста во сообраќајот, безбедноста на границите и миграциите се константно подобрување што ја докажува посветеноста на раководството на МВР, Владата и нашите меѓународни партнери кои посветено учествуваат во подигање на капацитетите на министерството да продолжи да биде столб на државноста и гарант на безбедноста на секој наш граѓанин“, истакна проф. д-р Дујовски.
Претседателот на Евроатлантскиот Совет, Рамадани порача: „Едно е сигурно, државата со членството во НАТО ја зацврсти својата безбедност и сигурноста на граѓаните.  Со членството во НАТО преминавме од индивидуална во колективна безбедност, безбедност за која сега се грижат сите 30 сојузници. Членките на НАТО градат партнерства со уште 40 земји ширум светот, а Алијансата е безбедносен чадор на 1 милијарда луѓе. Не можеме да кажеме дека една земја оди во погрешен правец, ако таа земја е безбедна, ако е членка на НАТО, ако веќе е на патот кон Европската Унија“.

   

Најново

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski

Дојава за бомба во авион на „Рајанер“ – драма на аеродром во Белгија, откажани сите летови

Sase Ivanovski

Демировски тврди дека градоначалникот на Шутка избегал од Македонија?!

Sase Ivanovski

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ СО ГРУЕВСКИ!

Sase Ivanovski

Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија, порача Димитриеска-Кочоска од Брисел

Sase Ivanovski

Познатиот американски бизнисмен Крис Павловски со македонско потекло кој важи и за многу близок човек на Трамп, негира дека тој ја органзиирал и ја платил посетата на македонската делегација во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот пак „нема никакво барање“

Sase Ivanovski

Кина ја укина забраната за испораки на авиони „Боинг“ по трговскиот договор со САД

Sase Ivanovski

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....