МАКТЕЛ

     

ФОКУС: „Марковски Компани“ склучи нов договор со ЕСМ, 12 булдожери ќе копаат во РЕК Битола за 9 милиони евра!

      

Битолската компанија на почесниот белоруски конзул во земјава претходно го доби и тендерот за ископ на јаловина вреден 25 милиони евра со поддршка на подизведувачи блиски до Заев, иако, како што пишуваше „Фокус“конкурентската „Пелистер“ понудила пониска цена пред да биде елиминирана.

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ и приватната компанија „Марковски Компани“ склучија нов вреден договор. Според Бирото за јавни набавки, тој се однесува на „ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во РЕК Битола“. Неговата вредност е 566 милиони денари или 9 милиони евра.

Поточно, се работи за т.н. рамковна спогодба, во чии рамки ќе се склучуваат договори во следните 18 месеци за изнајмување на индустриски возила со возач, чија вкупна вредност не смее да надмине 9 милиони евра. Сепак, минатото искуство покажува дека речиси сите договори од овој тип се исцрпуваат во скоро во целост.

   

Во рамки на оваа тендерска постапка, конкурирала и скопската „Мис-Комерц“, која понудила цена од 15.000 денари по час, без вклучен ДДВ. Сепак, на крајот била избрана пониската понуда на битолската „Марковски Компани“ од 13.777 денари без ДДВ или 16.253 денари со вклучен ДДВ. Имено, оваа цена  важи за еден час работа на ангажираните булдожери-гасеничари, од кои компанијата пријавила 10, плус 2 во резерва.

Во договорот меѓу двете страни се наведува дека избраниот економски оператор може да ангажира подизвдувачи за дел од договорот, по претходно добиена согласност од страна на договорниот орган. Меѓутоа, за разлика од претходно, во овој договор не се наведени конкретни правни субјекти како подизведувачи.

Неодамна објавивме дека „Марковски Компани“ го доби и тендерот за ископ на јаловина вреден 25 милиони евра со поддршка на, како што пишувавме, подизведувачи блиски до поранешниот премиер Зоран Заев, иако конкурентската „Пелистер“ понудила пониска цена. Но, оваа компанија била елиминирана во фазата на евалуација, бидејќи не го исполнувала условот за бараната опрема.

При проверка на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачите и при евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека понудата на понудувачот „Пелистер“ е неприфатлива од причини што не ги исполнува барањата согласно тендерската документација од точка 5.3.3.1 техничка и професионална способност, односно не го исполнува бројот на потребната барана опрема“, ни одговорија од ЕСМ.

Претходно, пак, „Фокус“ објави дека „Марковски Компани“, во отворена постапка, склучила рамковна спогодба за ископ на јаловина во РЕК Битола во висина од 25 милиони евра, во чии рамки треба да се склучуваат договори согласно потребите. Притоа, оваа компанија на почесниот белоруски конзул во земјава Борче Марковски ја доби зделката со понуда од 2.871 денари за метар кубен без ДДВ, додека „Пелистер“ понудил 2.800 денари за кубик.

Инаку, „Пелистер“ на бизнисменот и поранешен битолски градоначалник Силјан Мицевски долги години имаше плоден пазар во рудниците на РЕК Битола, меѓутоа со тек на времето доби сериозна конкуренција од „Марковски Компани“. Неделникот „Фокус“  веќе пишуваше за правните битки што ги водат „Пелистер“ и „Марковски Компани“ за богатите тендери на ЕСМ.

Што се однесува до договорот за ископ на јаловина, кој впрочем е најголемиот договор за работа во рударско-енергетскиот комбинат во Битола, „Марковски Компани“ го доби со 3 подизведувачи: струмичките „Сим Инженеринг“ и „Јавор-Транс“ и охридската „Топлина“. Според договорот, ним ќе им припадне по 10 отсто (вкупно 30) од договорот, што значи вкупно 7,5 милиони евра или за секој по 2,5 милиони евра.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека „Сим Инженеринг“ е компанија основана во 2005 година, која е во сопственост на Горан Крстев и неговиот татко Симеон Крстев, додека управител е Сашко Брндевски. И „Јавор-Транс“, основана во 2010 година, е во сопственост на синот и таткото Крстеви (Горан и Симеон), со тоа што таму како управител се јавува Драги Цикарски.

Уште во 2019 година, „Фокус“ објави сторија во која пишувавме за сите фирми од империјата на Заеви, односно обелоденивме триесетина компании во сопственост на семејството Заеви и нивните деловни партнери. Меѓу нив беа и двете струмички фирми, кои сега се јавуваат како подизведувачи на „Марковски Компани“ во тендерот за ископ во РЕК Битола.

Во однос на „Марковски Компани“, пак, пишувавме дека таа е во сопственост на Борче Марковскикој во 2016 година беше избран за почесен конзул на Белорусија во Македонија. По тој повод, се случи едно од ретките појавувања на Марковски во јавноста, кога порача дека ќе даде максимален придонес за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете држави.

Финансиските извештаи на друштвото покажуваат дека ланската 2022 година остварува приходи од 30 милиони евра, што е раст за 173 отсто во споредба со претходната 2021, додека лани добивката изнесувала 6,6 милиони евра, што пак претставува раст од цели 1.500 отсто во однос на 2011, кога добивката изнесувала помалку од половина милион евра.

  

Најново

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ – НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ “ОТВОРЕН КРУГ”

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Во израелски напади врз ресторан и пазар во Газа загинаа 33 Палестинци

Sase Ivanovski
Вчитувам....