Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги предупреди големите технолошки компании, вклучувајќи ги X, Meta, Apple и TikTok, дека Европската унија е подготвена да ги спроведе своите дигитални регулативи без оглед на тоа кој ги води тие фирми или каде се наоѓаат.
„Прописите што ги усвоија нашите законодавци мора да се спроведат. Затоа покренавме постапка против TikTok, X, Apple, Meta – да наведеме само неколку. Ќе ги применуваме регулативите праведно, пропорционално и без предрасуди. Не ни е грижа од каде е компанијата и кој ја води. Се грижиме за заштита на луѓето“, рече Фон дер Лејен
Нејзините изјави ја нагласуваат решеноста на ЕУ да спроведе обемен пакет дигитални регулативи, кои наидоа на остри критики од високи членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, посочува споменатиот портал.