Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека длабоко жали за одлуката на САД да воведат царини за извоз на автомобили од ЕУ. „Тарифите се даноци, лоши за бизнисите, полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече Лејен на X.
Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, притоа чувајќи ги своите економски интереси. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека Соединетите држави ефективно ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведуваат во земјата. „Но, ако го произведувате вашиот автомобил во Соединетите Држави, нема тарифи“, рече Трамп, пренесе Танјуг.