Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вечерва изјави дека таа и другите лидери на ЕУ, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, добиле извештај од американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговите неуморни напори за постигнување прекин на огнот во Украина. Важно е САД да останат ангажирани. Ќе продолжиме да го поддржуваме Володимир Зеленски во постигнувањето траен мир во Украина“, напиша Фон дер Лајен за мрежата X.
Меѓу другите лидери што беа информирани од Трамп се францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, финскиот претседател Алекс Стуб и германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече фон дер Лајен