Во Заедничкиот одбор, Косово ќе го претставува амбасадорот во Белгија, Агрон Бајрами, а Србија ќе биде претставувана од главниот преговарач Петар Петковиќ.„Задачата на Заедничкиот одборе да го следи спроведувањето на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и анексот за негово спроведување“изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Тој нагласи дека одборот се формира 30 дена по средбата на двете делегации во Охрид, што, како што рече, е предвидено во самиот Анекс за имплементација на договорот.Портпаролот на ЕУ додаде дека надлежностите и задачите на заедничкото надзорно тело ќе се утврдат на првиот состанок на одборот што ќе се одржи по следниот состанок на високо ниво кој е закажан за 2 мај во Брисел.
Се наведува дека одборот редовно ќе се состанува во Брисел.Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа пишува дека формирањето на заедничкиот одбор е предвидено во Анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Според Анексот, формирањето на мешовитиот надзорен одбор е предвидено да се случи во рок од 30 дена по постигнувањето на договорот. Иако лидерите на Косово и Србија не потпишаа никаков документ на средбата во Охрид, сепак, според толкувањето на европските претставници, договорот е правнообврзувачки за двете страни