Илјадници граѓани доцна попладнево се собраа на скопскиот плоштад „Македонија“ за да им оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Собирот започна со 16 минутен молк, а граѓаните во еден момент ги вклучија телефоните создавајќи „ѕвездено небо“ во спомен на 59-те млади луѓе кои ги загубија животите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.Атмосферата на вечерашниот собир ја пренесуваат фотографиите на фоторепортерот на „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ:
















Новинар: Агнеса Чаволи
Видео монтажа: Зоран Проданов