Бамби Таг од Ирска ги шокираше гледачите во Европа, но и во светот со настапот и песната „Doomsday Blue“.
На првата полуфинална вечер на Евровизија во Малме еден настап предизвика лавина од спротивставени коментари на социјалните мрежи.
Бамби Таг од Ирска ги шокираше гледачите во Европа, но и во светот со настапот и песната „Doomsday Blue“. Пејачката излезе на сцената со рогови, на сцената имаше поставено свеќи во круг, а на неа и околу неа низа симболи.
Песната со „тврд звук“ привлече големо внимание, а според обложувалниците е на петтото место за победа. Настапот на Бамби Таг вклучуваше симболи како пентаграм, ѓаволи, вештерство, а претставувал борба на човекот со внатрешните демони.