Сликата од снег на насадите, во посевите па и во дворовите на земјоделските производители ги изненади сите. Глетката е за неверување, а неизвесноста од висината на штетата која се очекува, уште поголема.

-Да остане снегот на гранките може и на нешто да се надеваме, но сега е опасноста од ноќните температури, снегот падна, измрзнувањето ќе биде неминовно ако се симне многу под нулата како што најавуваат метеоролозите – вели овоштар од Ресен.

Најмногу штета ќе претрпат овошките, јаболката, праските, кајсиите, сливите…само бадемите и лешниците, тие покасно цветаат и за нив нема опасност.
Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа.

Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа.
-Кај житариците ќе има штета, зависи во која фаза е растението. Тие посеви кои се покасно насеани, нема да претрпат штета, а влагата ќе биде добредојдена за нив. Ќе доцниме со сеидбата на сончогледот но и тоа нема да биде проблем, некои години сум сеел во мај па дал најдобар род. Нивите сега се подготвени за сеидба – вели земјоделецот Митат Исмаиловски.

Според него, не се памети вакво време, односно снег и минусни тепператури од 1988 година, но тогаш вели дека немало некоја поголема штета бидејќи вегетациски растенијата не се како сега, во оваа фаза. Климатските промени си го направија своето.

-Порано се знаеше кога ќе дојде март, тоа за нас земјоделците беше пролет и почнувавме со работа, тутун, други пролетни култури. Сега се е изместено, наесен е поместено еден месец покасно и цела вегетациска сезона на растенијата е поместена за еден месец. Затоа и користиме сорти кои се прилагодени на новите временски услови, сорти со покасно цветање и поиздржливи на доцни пролетни мразеви – вели Исмаиловски.

Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа. Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа.
-Снегот што падна во текот на вчерашниот ден и ноќеса, како и утринските температури на воздухот кои деновиве ќе бидат под нулата ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во цела Преспа. Според првичните проценки јаболката ќе бидат 90 насто уништетни, а некаде и целосно, односно 100 насто. Проценките ќе ги вршиме откако ќе заврши овој студен бран кој за жал веќе предизвика катастрофа во Преспа, изјави за МИА, Стефановски. Во Преспа под јаболкови насади се над 3000 хектари, а од нив најмногу е застапена јаболковата сорта ајдарет но и други преспански јаболка. Во продолжение, методи за справување со ниските температури кај земјоделските култури.