Меј Маск, мајката на Илон Маск, привлече внимание на модната недела во Њујорк со ревија за брендот Јузуи. Овaa 76-годишнa манекенка влезе во светот на модата пред повеќе од 50 години.
Споменатиот бренд Меј го опиша како олицетворение на безвременската елеганција. Носеше проѕирен топ, долго здолниште украсено со светки и јакна со пердуви. Кратката коса е нејзин заштитен знак, а својот изглед го комплетираше со едноставна шминка.
Иако Меј претходно соработуваше со други брендови како Долче и Габана, Кристијан Сирано и Филип Плејн, Јузуи има посебно место во нејзиното срце.

Имено, таа веќе неколку сезони соработува исклучиво со дизајнерката Таореј Ванг, која креира за Јузуи.

Нејзиниот син Илон Маск привлекува внимание со своето контроверзно однесување, но таа сепак ја покажува својата поддршка за него на Икс. „Дури и моите пријатели демократи се возбудени за иднината на Америка. Збунета сум, но и среќна“, напиша таа на гореспоменатата социјална мрежа кон крајот на јануари.