Денес, во Тетово, Алијанса за Албанците оддаде почит во спомен на животите трагично згаснати во Кочани. Со длабока болка и почит, со молк изразивме поддршка за семејствата кои се соочуваат со оваа голема загуба.
Оваа трагедија нè погоди сите. Без разлика на нашата припадност или јазикот што го зборуваме, денес нè обединува тагата и споменот за оние кои повеќе не се меѓу нас. Нашите срца се натажени, но и обединети во солидарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами – заедно ја споделуваме болката и силата за да ја пребродиме оваа загуба!