Премиерката Џорџија Мелони, претседателот на Сенатот Игнацио Ла Руса и претседателот Серџо Матарела присуствуваа на парадата, аплаудирајќи им на учесниците додека се движеа по „Виа деи Фори Империјали“.

Денот, познат какo „Феста дела Ребублика“ го одбележува референдумот од 1946 година на кој Италијанците гласаа за укинување на монархијата и воспоставување република, по падот на фашизмот.Прославите завршија со прелет на „Фрече Триколори“, акробатскиот тим на италијанските воздухопловни сили, кој испушти траги од зелен, бел и црвен чад над Колосеумот.
