Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид.
23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Велигден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти, вели претседателот на Интернационалната полициска асоцијација Стефан Димовски.
Честитки за Велигден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат. Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни предци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија, додава тој.