Синоќа, во Паркот на Франкофонијата, се одржа културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“, во организација на Општина Центар. Скопјани уживаа во богата македонска и европска трпеза, дегустација на традиционални специјалитети и одлична музичка програма со диџеј Зоки Бејбе и бендот на Наде Талевска.
Градоначалникот Горан Герасимовски, истакнува дека ‘Нож и виљушка’ е симболот на културната размена, кадешто традициите се спојуваат меѓусебе.
„Со вакви културни манифестации покажуваме дека културата треба да биде дел од секојдневниот живот во Центар. ‘Нож и виљушка на европска чинија’ е прослава на вкусот, заедништвото, на градскиот дух. Среќен сум што скопјани се забавуваа, создаваме моменти кои нѐ обединуваат и нѐ поврзуваат. Остануваме посветени на создавање урбани културни случувања во Центар кои поттикнуваат дружење и го збогатуваат секојдневието на граѓаните“, вели Герасимовски.