(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОЈДЕ И СЛАВНИОТ РОЏЕР САНЧЕЗ Најмасовно, спектакуларно одбележување на јубилејниот 70 роденден на Кисела Вода!
Сега, сѐ е на свое место!
Обединетоста што ја видовме почитувани мои, е најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат.
Конечно, оваа година сè доаѓа на своето место.
И не заборавајте – најдоброто допрва доаѓа!
Со спектакл каков што Скопје досега не видело, Кисела Вода го прослави својот 70-ти роденден и го отвори Културното лето 2025, кое годинава се одвива под слоганот ,,Сѐ на свое место”.
Повеќе од 35.000 посетители од цело Скопје, од цела Македонија, како и од соседна Србија, Бугарија и Грција, беа дел од настапот на светската ДЏ ѕвезда
Роџер Санчез, кој уште долго ќе се прераскажува.
Сцената ја отвори ДЏ Матс со енергичен сет, а по него следуваа одличните настапи на ДЏ Ампов и ДЏ Деан Мицкоски, кои ја подгреаја атмосферата до максимум.
Ноќта кулминираше со појавувањето на американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, кој ја раздвижи публиката со двочасовен сет кој ќе остане запаметен како едно од најголемите музички доживувања во Скопје.
Заедно со Сашко Коцев, го поставивме и последното парче од сложувалката во форма на голема карта на Скопје!
Ви благодарам на сите, без вас – вечерта не ќе беше така добра. Би рекол, предобра!
Благодарам и на министрите кои вечерва повторно покажаа дека се секогаш со својот народ.