Владини извори за „Тајмс“ изјавија дека земјите од Западен Балкан, како што се Албанија, Србија, Босна и Северна Македонија, би можеле да ги примат одбиените баратели на азил.

Меѓу другото во документот се вели дека третата земјата домаќин ќе треба да им ги овозоможи сите права на мигрантите меѓу кои и да им дозволи слободно да се движат и наместо да гради мигрантски кампови треба да гради мигрантски населби кои ќе овозможат мигрантите слободно да се движат.
Но тоа не е се. Ако државата од каде потекнува мигрантот одбива да ги прими мигрантите назад, државата домаќин ќе мора да им го продолжува легалниот престој стои во документот на ОН.

Oна што загрижува можеби најмногу од се е фактот што Македонија ќе потпише некаков договор со Велика Британија кој никогаш не го виде светлото на денот односно не е објавен од македонската Влада. Во Лондон, како што вели Владата во кабинетот на „Черчил“, Александар Николоски утре ќе потпише договор со Британија, но претходно како што тој вчера соопшти денеска прво ќе се сретне со министерката за внатрешни работи на Британија Ивет Купер која е предводник на планот за мигрантски центри во трети држави како Македонија. Впрочем средбата со Купер, Николоски ја спомена самиот вчера на прес-конференција во Владата. Што бара министерот за транспорт и врски на Македонија да се среќава со министерот за внатрешни на Велика Британија останува нејасно.