Спасувачки екипи извлекоа уште две тела од местото на урната висококатница во изградба во Бангкок во текот на ноќта по силниот земјотрес што го потресе главниот град на Тајланд. Девет од 10-те жртви досега објавени во Тајланд биле на градилиште во близина на градскиот пазар Чатучак, додека 78 лица се уште се водат како исчезнати.
Вчера на местото беше донесена тешка опрема за преместување на тоните урнатини, но надежта бледнее меѓу пријателите и роднините. Многу места во северниот дел на Тајланд објавија штета од земјотресот, но само Бангкок објави дека има жртви. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше во соседен Мјанмар, каде што бројот на загинати се искачи на над 1.700.