Големи јата птици – корморани и пескари, патки, галеби, чапји и нуркачи, утрово гласно уживаа во Дојранското Езеро, се чини радувајќи им се на првите вистински летни денови. Глетката од која блика живот ја овековечи фоторепортерот на „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ.


