Од Зоолошката градина Скопје информираат дека денеска имаат принова, два лемури близнаци, што пролетва е второ збогатување за, како што велат од ЗОО Скопје, „екипата од Мадагаскар“.

-Уште еден пар близначиња лемури во екипата од Мадагаскар. Ова е втор пар близнаци кои ги добивме оваа пролет кај лемурите кои се исклучително загрозен вид, но скопската клима, условите како и грижата од зоонегувателите ни донесоа повеќе бебиња – велат од ЗОО Скопје.
