Популарната пејачка Лепа Брена очигледно се опорави од скршеницата на ногата. Таа на својот Инстаграм сподели неколку видеа на кои се гледа како повторно оди без проблем, по повредата со која се здоби на нејзиниот концерт во декември минатата година. Имено, пејачката доживеа несреќа на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб кога врз неа падна член од нејзиниот тим. Брена во таа прилика се здоби со скршеница на скочниот зглоб, поради што по концертот беше итно операцирана. По сите терапии, Брена целосно закрепна и сега повторно застана на нозе. Пејачката ги започна подготовките за својот концерт во Љубљана кој ќе го одржи на Денот на жената, 8 март.

На видеата кои ги сподели на социјалните мрежи може да ја видиме брена како слободено се шета како ништо да не се случило, а она што се забележува е дека пејачката носела дури и високи потпетици. Во интервју за „24 сата“ таа збруваше за подготовките на престониот концерт, но и за периодот на закрепнување од страшната незгода која ѝ се случи при настапот во Загреб.

„Среќна сум што сум во Љубљана и што имам убав повод. Подготвуваме посебен концерт, навистина прекрасен“, изјавила Брена.
Таа се осврна и на нејзиното опоравување од тешката повреда.
„Имав физикална терапија со физиотерапевт двапати дневно, потоа отидовме на одмор во потопли места, па продолжив и таму“, додала пејачката.
Да потсетиме, Брена во јануари се одмараше на Тајланд во придружба на нејзиниот сопруг. Таа со следбениците на социјалните мрежи сподели дека ужива во убавините на оваа егзотична дестинација.