14.8 C
Скопје
31/05/2025 22:40
МАКТЕЛ

     

(ФОТО) Машинскиот факултет го зацврстува инженерското образование со модерни лаборатории и напредна опрема

      

Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби на трајно користење напредна технолошка опрема од компанијата ЛТХ Леарница Охрид, која ќе биде ставена во функција на наставата, лабораториските вежби и научно-истражувачката работа. Ваквиот вид соработка претставува практичен модел на подобрување на образованието преку директно поврзување на факултетот со индустрискиот сектор, со јасна цел – создавање на кадровски потенцијал кој одговара на реалните потреби на современото производство и технолошки развој.

Свечениот настан по повод примопредавањето се одржа во Лабораторијата за производни технологии и процеси, во присуство на претставници од академската заедница, Министерството за образование и наука и индустрискиот сектор. Оваа донација е прв реализиран чекор од новиот модел на партнерски пакети со компании што Машинскиот факултет го воведе во 2024 година, со цел да поттикне структурирана и долгорочна соработка меѓу високото образование и стопанството. Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески истакна дека во услови кога технологијата напредува со незапирлива брзина, кога вештачката интелигенција и дигиталните процеси се веќе составен дел од секојдневието, високото образование се соочува со предизвик – не само да го следи технолошкиот развој, туку и да создаде кадар кој ќе го води.

   

„Целосно надминување на овој предизвик е невозможно, но да се остане во достоинствена борба со него е можно само преку континуирано осовременување на наставните планови и програми и практична едукација што ги вклучува студентите директно во технолошките процеси. Со донацијата на опремата од страна на ЛТХ Леарница Охрид Машинскиот факултет добива напредна технолошка целина која ќе биде ставена во функција на образованието и истражувањето. Оваа опрема ќе се користи во повеќе наставни предмети и лабораториски вежби, како и во реализација на дипломски, магистерски и докторски трудови, со што нашите студенти и професори ќе имаат привилегија да работат со современи технологии, што ќе ги подготви за реалниот свет и ќе ги оспособи за водење на индустриската трансформација“, рече проф. д-р Петрески. Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во своето обраќање го нагласи значењето на иницијативите кои го подобруваат квалитетот на високото образование и создаваат услови за практична едукација на студентите. Таа ја оцени донацијата од ЛТХ Леарница Охрид како позитивен пример за соработка помеѓу приватниот сектор и академската заедница, со потенцијал да донесе долгорочни придобивки за целото општество.

„Инвестициите во модерни образовни алатки, без разлика од каде доаѓаат, не се само вложување во инфраструктура – тие се инвестиција во иднината на младите генерации. Верувам дека оваа опрема ќе им даде на студентите и професорите алатки за иновација, креативност и соработка. Стопанството и реалниот сектор посакуваат и постојано бараат да имаат што е можно повеќе квалификуван и практично поткован инженер. Затоа сметам дека ова денес што го промовираме е вистински пример за тоа како компаниите можат сами да си помогнат себе си, директно помагајќи и на факултетите“, рече министерката Јаневска, притоа нагласувајќи дека е неопходно да се продолжи со посериозни инвестиции во лабораториска опрема и истражувачка инфраструктура, со цел да се обезбедат современи услови за настава и научна работа на државните универзитети. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, потенцираше дека оваа донација е значаен чекор затоа што соработката со реалниот сектор е еден од приоритетите на универзитетот.

„Нашата цел како универзитет не е само да го пренесуваме нашето знаење на студентите туку кај нив да развиеме критично размислување, да поттикнеме иновативност, а токму практичната настава и практичните вежби, и се поголемиот допир на студентите со реалниот сектор го овозможува тоа.  Нашата цел е да им го олесниме патот на  студентите, преодот од училниците и лабораториите во реалниот сектор, затоа освен со академски знаења треба да ги обучиме и со вештини кои ќе им го олеснат овој преод од една во друга средина, од училница во реалните работни средини, токму тоа и го правиме со оваа опрема. Ова е влог не само во материјална форма, која што го добива Машинскиот факултет, туку и образовниот  процес“, рече ректорката на УКИМ,  проф. д-р Ангелова и додаде дека соработката помеѓу владините институции, образовните установи и реалниот сектор мора да се продлабочува и во иднина, затоа што само така може да се постигнат целите на високото образование. Претставникот на ЛТХ Леарница, Клемен Турк изрази уверување дека со оваа донација ќе се придонесе за проширување на практичното знаење и на идните професионални можности за студентите на Машинскиот факултет.

„Донираме координатна мерна машина, уред за мерење на димензии на резачки алати и ЦНЦ вертикален обработувачки центар, која е високо продуктивна и докажана во индустриски услуги и се надевам дека ќе им служи успешно на студентите и истражувачите на Машинскиот факултет. Со оваа донација ЛТХ Леарница станува првиот златен партнер на Машинскиот факултет,  признание кое не е само статус, туку и ветување за соработка меѓу индустријата и образованието“,  рече Турк. Со соработката со  ЛТХ Леарница Охрид Машинскиот факултет уште еднаш ја потврдува својата водечка улога во инженерското образование во државата. Преку стратешки партнерства, современи наставни пристапи и силна посветеност на практичната настава, факултетот продолжува да гради генерации подготвени за индустриски предизвици и технолошка трансформација.

   

Најново

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

Вреди – Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: Синоќа скопјани уживаа во врвна гастрономија и добра музика со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд

Sase Ivanovski

(Видео) Мирен протест во Охрид за поддршка на епископот атаниски, Партениј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВУВА ВРАЌАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА: Му стојам на располагање на Венко Филипче, сакам да и помогнам на опозицијата да ја врати државата на прав пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПЕН АИ И ОРАКЛ ВО ТЕКСАС ГО ГРАДАТ НАЈГОЛЕМИОТ ДАТА ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЧИ ОВАА ИТАЛИЈА НЕ СЕ ТРПИ ОД УБАВИНИ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, која е синoним за неспособност и криминал

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ЗА СДСМ: Јас би почекал уште една година после локалните за да видиме дали таа партија ќе може да се врати на старите патеки

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сиљановска е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: За жал нашиот народ, со сите овие проблеми кои ги имаше во овие децении на тешко живеење, и Македонци и Албанци и други, е практично анестезиран и отапен е на сите овие глупости што му се сервираат од разни политички елити

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ако ги прашувате само етничките Македонци, ние сме на околу 30% поддршка и таква поддршка има само уште во Србија

Sase Ivanovski

DynamicsMinds: Вештачка интелигенција донесува дигитална работна сила и златна ера на деловни апликации

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ПРОТИВ КОРИДОРОТ 10: Не треба да инвестираме во коридори кои водат низ земји кои не се членки на НАТО

Sase Ivanovski

ГАФ НА ПЕНДАРОВСКИ: За државата не било многу важно да се прават локални патишта и водоводи

Sase Ivanovski

Пендаровски бил непријанто изненаден од некадарноста на владата на Мицковски

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Трамп е политичар пазарџија, ние нема што да му дадеме, ниту авион ниту минерали

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Интересот на Британците за балканот е да биде центар за мигранти

Sase Ivanovski

Стево Пендаровски во мега интервју за Дојче Веле: Одиме кон држави кои не се демократски, владата нема намера да оди кон ЕУ, од Трамп го добивме само…

Sase Ivanovski

Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола, има повредени

Sase Ivanovski

Поранешен шеф на ЦИА тврди дека Путин ќе нападне уште една земја – откри и која

Sase Ivanovski

„Арсовска да пријави и соработува“ – ОЈО вели подготвено е веднаш да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Sase Ivanovski

СТВАРНО СМЕ БРАЌА: Бугарите се бунат против воведување на евро

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом пронајдени 140 стебла канабис

Sase Ivanovski

Седумдесетгодишен возач прегази жена на паркинг во Скопје

Sase Ivanovski

ЛДП во понедеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

Sase Ivanovski

Тројца сегашни началници на ОВР Кочани биле распрашувани од Обвинителството

Sase Ivanovski

Дете под 5 години е најмладиот евидентиран корисник на дрога во Македонија

Sase Ivanovski

ФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс

Sase Ivanovski

МАСК ПИЕЛ ПО 20 АПЧИЊА ДНЕВНО ДОДЕКА РАБОТЕЛ СО ТРАМП Милијардерот има тешка зависност и депресија?

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Sase Ivanovski

ПАК ГОВОР НА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ ОД СОФИЈА Поранешен политичар бара Бугарија да ѝ воведе санкции на Македонија

Sase Ivanovski

Владо Јаневски заминува во Австралија!

Sase Ivanovski

„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога

Sase Ivanovski

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши

Sase Ivanovski

КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ СЕ НОСИ СО КОНСЕНЗУС Вистината излезе на виделина, нема лажни сертификати за Бојан Христовски

Sase Ivanovski

„ОНИЕ ШТО ШИРАТ ЛАГИ ЌЕ СЕ ИЗВИНАТ“ Јанев ги отфрла обвинувањата за дипломата, остава ДКСК да докаже

Sase Ivanovski

ШОКАНТЕН МОМЕНТ ВО СУДНИЦАТА Диди покажа фотографија од разголените Ријана и Серена Вилијамс во кревет!

Sase Ivanovski

НЕПТУН СО ИТНА ПРОДАЖНА АКЦИЈА НА КЛИМА УРЕДИ Опфтени се инвертери од глобално реномирани брендови

Sase Ivanovski

ЗА ПРВПАТ МИКРОБРАНОВА АБЛАЦИЈА НА ТИРОИДА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ Минимално инвазивна процедура која значително го подобрува животот на пациентите

Sase Ivanovski

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека нуклеарното оружје е „неприфатливо“

Sase Ivanovski
Вчитувам....