Навивачите на шкотскиот клуб Ренџерс повторно се најдоа во центарот на скандал, откако изразија навредливи и дегутантни пораки упатени кон папата Франциско, кој почина во текот на вчерашниот ден. Подгрупата „Union Bears“, позната по своите крајно провокативни потези, на зграда спроти автопат во Глазгов исцрта графити со пораки како „Нема веќе римски папа“ и „Папата Франциско е мртов“. Со овие натписи, навивачите на Ренџерс директно ги навредуваа приврзаниците на Селтик, клуб кој традиционално се поврзува со католичката вера, за разлика од Ренџерс, кој е длабоко вкоренет во протестантската заедница. Инцидентот предизвика бурни реакции, особено поради историскиот контекст – во периодот од триесеттите до седумдесеттите години на минатиот век, Ренџерс важеше за клуб во кој католици речиси и да не играле, иако таквото непишано правило денес често се оспорува.
Навредливиот графит беше наскоро префарбан од навивачите на Селтик, кои оставија порака „Без знамиња и тапани“, алудирајќи на неодамнешниот инцидент при кој им биле одземени навивачки реквизити на Ренџерс по физички пресметки меѓу двете групи. Овој нов испад само дополнително ја поттикнува тензијата меѓу двата големи ривали, чие ривалство одамна ги надминува спортските рамки.
21.04.2025🏴Union bears graffiti about the death of Pope Francis
Few hours later Celtic change the graffiti, reminding rangers that they lost all material earlier this season, click for more here: https://t.co/LFfASN4nZv pic.twitter.com/EE69EK9Wov
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 22, 2025