Попладнево нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје. Фотографијата е снимена во центарот на главниот град во близина на постојката Рекорд. Мотоциклот е речиси под автомобилот со кој претходно се судриле. Полициско возило со вклучена ротација е зад автомобилот кој учествувал во сообраќајката.
Сообраќајот во правец од Рекорд кон Собрание се одвива во една лента додека се врши увидот. Тешка сообраќајна несреќа со автомобил и мотор имаше и вчера на Партизанска во Карпош 4, кога беа повредени двајцата возачи.