Веднаш до Железничката станица – Скопје, околу контејнерите сместени на крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, никнала нова мини-депонија, која ја заземала и зелената површина покрај тротоарот.

Двоседи, веце школки, буриња, црева, треви, земја, искршени контејнери и останато ѓубре се работите кои можат да се забележат на фотографиите кои ни ги испратија минувачите, според кои ситуацијата е идентична и непроменета изминатите неколку денови.

Глетката е ужасна за место во центарот на Скопје како што е ова, последица од несовесните граѓани кои го фрлаат кабастиот отпад среде тротоар и ги кршат контејнерите, а бидејќи се уште нема реакција од службите надлежни за собирање на овој отпад и расчистување на мини-депонијата, пешаците веќе неколку денови мора да минуваат низ овие ѓубришта.

