Ноќешниот напад претставува еден од најмасовните комбинирани руски воздушни удари врз Киев од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година и доаѓа по серијата од околу 800 украински дронски напади врз руска територија во изминатите неколку дена, меѓу кои и врз Москва.
Најмалку 8 лица се повредени изминатата ноќ во комбинираниот руски напад врз украинскиот главен град со ракети и со беспилотни летала, соопшти градоначалникот на Киев Виталиј Кличко. Началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, соопшти дека на повеќе локации избувнале пожари, а има и штети од паднати делови од беспилотни летала.

Ноќешниот напад е еден од најголемите комбинирани руски воздушни удари врз Киев од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, а следува откако во изминатите неколку дена Украинците извршија околу 800 напади со дронови врз Русија, вклучувајќи го и главниот град Москва. Вчера, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва соодветно ќе одговори.