Компанијата членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), „Спорт-Лаиф“ обложувалници, уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност со значајна донација за Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Со вкупна вредност од околу 4 милиони денари, целосно е реновиран и опремен одделот за висцерална и абдоминална хирургија.
Реновирањето на одделот за постоперативна нега на пациентите, кој се протега на површина од 400 м2, вклучува целосна обнова на внатрешноста, модернизација на електричните и на санитарните инсталации. Донацијата вклучува и набавка на 24 нови двомоторни медицински кревети, мебел, душеци, инфузиони стативи и дополнителна медицинска опрема што значајно ги подобрува условите за нега и лекување на пациентите. Ова е уште еден пример на долгорочната заложба на компанијата „Спорт-Лаиф“ за инвестирање во квалитетно јавно здравство.
„Сметаме дека оваа донација беше неопходна за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, даваме свој придонес за развој на општеството и за поддршка на хуманите цели“, изјави Петар Поцков, маркетинг-директор на „Спорт-Лаиф“. Овие инвестиции обезбедуваат квалитетна здравствена услуга во современи услови, како за пациентите така и за медицинскиот персонал. Оваа поддршка претставува продолжение на долгорочната заложба на „Спорт-Лаиф“ да инвестира во јавни добра кои се од витално значење за заедницата. Членките на АСОМ ќе продолжат со реализирање на вакви иницијативи како пример за успешно партнерство меѓу приватниот сектор и здравствените институции во насока на подобрување на условите за лекување и зголемување на квалитетот на живот.