Заврши долгогодишната негрижа за овој спортски терен во Драчево кој во минатото беше едно од спортските одбележја на Кисела Вода. Вечерва, со свечена церемонија го пуштивме во употреба стадионот кој е белег на нашата општина и од кој во минатото се прославиле доста звучни имиња во македонскиот фудбал. Драго ми е што моите заложби за неопходните реконструктивни зафати на ,,ССК” вродија со плод и што наидовме на разбирање кај ФФМ за што сакам да изразам огромна благодарност, па спортистите сега повторно го добија овој простор за себе, но со услови кои се модерни и современи. Стадионот доби девет целосно нови соблекувални, нова теретана и туш кабини, нова ограда по целата должина, санација на тревната подлога, комплетно осветлување со нови рефлектори – што овозможува одлични услови за тренинг и за одржување на натпревари на фудбалскиот клуб ,,ССК”. Обновата на спортска инфраструктура е поставена високо во листата на моите приоритети како градоначалник и се трудам тоа да им го овозможам на моите граѓани на секој начин – преку инвестирање, преку градење, преку лобирање до надлежните во случај кога друга институција ги има ингеренциите, како што е овој случај. Силно верувам дека обновата на ССК ќе роди нови спортски ѕвезди, чии успеси сите ќе нѐ направат горди. Нека е со среќа!



