Денес, со свечена церемонија, заедно со семејството на загинатиот херој во битката против терористите во Диво Насеље, Љубиша, директорот на БЈБ Александар Јанев, неговите колеги од ЕБР и претставници од Синдикатот на полицијата во Македонија, се поклонивме пред спомен-бистата која лани ја подигнавме во негова чест и слава. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина Македонија се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минувала Република Македонија.
Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговиот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Остави жена и деца да го чекаат својот татко јунак и внуци со солзи на лицето да прашуваат за својот дедо, кој никогаш не ја предаде татковината. Ти се поклонувам Љубиша брате, за дадената жртва, за храброста и љубовта кон Македонија, никогаш нема да бидеш заборавен! Нека им е вечна слава на сите македонски синови кои живототот го положија пред олтарот на татковината!
Вечен спомен!



