


Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска имаше средба со членовите и симпатизерите на партијата во Кавадарци, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“. На средбата беа присутни и пратениците Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски, како и министерот за правда Игор Филков. Бендевска истакна дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија на која и е важно да ги слушне граѓаните, нивните проблеми и заедно да
најдат решение за истите.
Во плодната и конструктивна дискусија беа дадени и предлози и решенија за развој на Општина Кавадарци и целиот Тиквешки регион. Во рамките на кампањата “Заедно повеќе знаеме”, потпреседателката Бендевска, пратениците Карапејовски и Стојчевски, и министерот Филков остварија средба и со членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија во Неготино.