Трагедија во Кочани каде во ноќниот клуб Пулс загинаа 59 лица, а 170 се на болничко лекување се уште е топ тема во нашата држава. Незапамтената трагедија која однесе пред се млади живот ќе боли долго и долго. Градот Кочани од вечерва се подготвува за најголемиот погреб во историјата на државата. Обдукцијата на телата на починатите е завршена и истите во своите вечни почивалишта ќе бидат однесени во четврток.
Градот Кочани вечерва почна да се полни со некролози, а од истите може да се види дека погребите ќе бидат од 12 часот. Најголем дел од жртвите, неофицијално 31 лице ќе бидат погребани на Градските гробишта во Кочани. За таа цел вечерва започна да се монтираат подвижни огради од страните на патот кој води кон гробиштата и истите се на повеќе од еден километар од капијата на Гробиштата.
Според најавите се очекува масовна посета и бројка до 10.000 луѓе на денот на погребот.