Куварот во ресторанот во Струмица на Јорданчо Јанев Дано баџанак на премиерот Мицковски , Славе Ристов испрати демант на писмото спподелено на фејсбук потпишано од „група вработени во СВР Струмица) во кое го обвинуваат дека откако сообраќајната полиција го фатила пијан интервенирал кај газдата Дано а тој кај началникот на СВР Струмица и него го ослободиле од казна а биле наводно казнети полицајците од сообраќајци во чувари на куќа на бивш функционер.
До Либертас Ристов демантира дека бркал врски и достави доказ – налози за платена прекршочна казна .
Либертас се извинува но се повика на фб писмото на групата вработени од СВР Струмица со напомена дека не успеавме да добиеме потврда од МВР дека наводите во писмото објавено на фејсбук од „група работени во СВР Струмица“ се точни.