Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. На Водно се одржа показна вежба за спасување од жичницата „Милениумски крст“. Во показната вежба учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините – појаснуваат од МВР.

Преку ваквите вежби, од Министерството велат дека се стремат да ги подобрат капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани.


