Посебно трогателен момент се случил на 28 февруари, Денот на ретките болести, кога Фредерик, чувствувајќи дека неговиот живот е при крај, го собрал семејството за да се збогува.
Принцот Фредерик од Насау, член на кралското семејство на Луксембург, почина на 22-годишна возраст, објави Дејли мејл. Овој млад принц се борел со ретко генетско нарушување, синдром на осиромашување на митохондријалната ДНК, кој постепено ја исцрпува клеточната енергија и доведува до дисфункција и до откажување на органите, пишува Луксембург Тајмс. Неговиот татко, принцот Роберт од Луксембург, ја објави тажната вест за смртта на неговиот син и изјави дека и покрај напорите на неговото семејство и лекарите, Фредерик ја загубил битката со болеста на 1 март. Посебно трогателен момент се случил на 28 февруари, Денот на ретките болести, кога Фредерик, чувствувајќи дека неговиот живот е при крај, го собрал семејството за да се збогува.