МАКТЕЛ

    

(ФОТО) Учество на МЕП Муртезани на панел-дискусија: „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“

      

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панел-дискусија насловена „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“, национален настан во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), којшто е посветен на унапредување на дијалогот за Планот за раст на Западен Балкан. Во своето воведно обраќање, МЕП Муртезани се осврна на значењето на Реформската агенда и разбирањето на реформските процеси како политичка потреба и длабоко личен ангажман:

„Реформите функционираат само кога ќе се поврзат со секојдневниот живот на граѓаните. Тие мора да создадат институции во кои луѓето имаат доверба, економии што генерираат можности и општества што се инклузивни и праведни. Реформите се повеќе од стратешка неопходност – тие се мерило за нашата зрелост како држава. Тие ја отсликуваат нашата способност да изградиме отпорни институции, да обезбедиме ефикасно и транспарентно демократско управување и да демонстрираме на нашите граѓани дека посветените напори денес водат кон опиплив напредок и подобар квалитет на живот во иднина.“ – истакна Муртезани.

   

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на МЕП Муртезани:
Почитувани присутни,  Дозволете ми најпрво да изразам благодарност до Институтот за европска политика – Скопје(ЕПИ) за организирањето на оваа значајна дискусија. ЕПИ континуирано обезбедува платформа за информирана и критичка дебата за европската интеграција и овој настан не е исклучок. Ваквите разговори се од суштинско значење, не само како вежби за размена на политики, туку и како потсетник за заедничката одговорност која ја носиме за напредокот на европската иднина на нашиот регион. Прашањето што ми го поставивте е навистина суштинско: како Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан може да се искористат за создавање на вистински и долготрајни промени?

За мене, одговорот се наоѓа во разбирањето на реформите како политичка потреба и длабоко личен ангажман. Реформите функционираат само кога ќе се поврзат со секојдневниот живот на граѓаните. Тие мора да создадат институции во кои луѓето имаат доверба, економии што генерираат можности и општества што се инклузивни и праведни. Реформите се повеќе од стратешка неопходност – тие се мерило за нашата зрелост како држава. Тие ја отсликуваат нашата способност да изградиме отпорни институции, да обезбедиме ефикасно и транспарентно демократско управување и да демонстрираме на нашите граѓани дека посветените напори денес водат кон опиплив напредок и подобар квалитет на живот во иднина. Реформската агенда е во срцето на овие напори, би рекол на овој заеднички потфат. Таа бара од нас да се справиме со долготрајните слабости во нашата јавна администрација, судскиот систем и регулаторните рамки.Но, реформите не се само корекција на она што не функционира. Тие претставуваат градење на култура на отчетност и одговорност, каде што управувањето се темели на доверба, инклузивност и ориентираност кон резултати што ќе го унапредат животот на граѓаните.

Во овој контекст, Планот за раст е трансформативен додаток на реформскиот процес. Тој ги поврзува нашите напори со поширокиот регионален контекст, правејќи ги реформите не само национална неопходност туку и регионална можност. Неговите четири столба: интеграција на пазарот, поврзаност, човечки капитал и управување  се длабоко политички, но истовремено и практични. Тие обезбедуваат основа за вистински промени, со мерливи влијанија врз бизнисите, граѓаните и институциите. Но, да не заборавиме дека ниту еден план, без разлика колку амбициозен, не може да успее без вистинска соработка. Соработката, во овој контекст, не е политички слоган. Таа мора да е е дисциплина, подготвеност за работа со добра волја, за споделување на знаења и стручност и за гледање на успехот на нашите соседи не како на конкуренција, туку како напредок за сите.

За Северна Македонија, овој принцип на партнерство не е теоретски. Тој го обликува нашиот пристап кон реформите, нашите регионални односи и нашите аспирации за европската иднина. Но, партнерството исто така бара заемна одговорност. Додека неуморно работиме на исполување на стандардите на ЕУ, потребно е и ЕУ да ги почитува своите обврски. Процесот на проширување мора да остане кредибилна и остварлива цел, не само за нас, туку и за целиот регион. Она што го прави Планот за раст особено моќен е неговата двојна функција: тој поттикнува економски развој, додека ја зајакнува динамиката на процесот на пристапување. За Северна Македонија, ова е особено значајно. Ветувањето за споделен просперитет преку интеграција на пазарот совршено се совпаѓа со реформите што ги спроведуваме, од модернизација на инфраструктурата до создавање средина каде што бизнисите можат да напредуваат. Но, би сакал да потенцирам: Планот за раст не е замена за реформите; тој е катализатор за подлабоки и поодржливи суштински промени.

Успехот на Реформската агенда и Планот за раст зависи и од комуникацијата. Реформите и економскиот развој можат да се вкоренат само кога граѓаните ќе ги разберат нивните придобивки и ќе имаат доверба во процесот. Ова подразбира дека треба да делуваме испреплетено,координирано и во еден глас. Да работиме со граѓанските организации, со младите луѓе, со медиумите и истовремено да осигураме дека сите нивоа на власт, од локално до национално и регионално, делуваат синхронизирано. Не е доволно само да се донесат закони или да се водат преговори; неопходно е да постигнеме конкретни резултати и тие да бидат јасно и транспарентно комуницирани до сите засегнати страни.За Северна Македонија, предизвикот е да ги преточиме овие амбициозни планови во реалност што ќе има одек на секое ниво.

Без разлика дали станува збор за унапредување на независноста на судството, подобрување на образовните стандарди или зајакнување на регионалната поврзаност, секоја реформа мора да се прикаже како чекор кон поправедна, просперитетна и побезбедна иднина. Затоа сметам дека реформите не се крајна цел, тие се континуиран процес. Тие бараат истрајност, трпение и цврсто уверување во моќта на промените. Патот на реформите не е линеарен ниту лесен и дефинитивно не е без моменти на фрустрација. Но, мора постојано да се потсетуваме зошто го следиме. Го правиме тоа затоа што веруваме во целта Северна Македонија која не само што ќе стане членка на Европската Унија, туку и држава која гордо ќе стои меѓу своите соседи, зајакната од трнливиот пат што го изодила и од лекциите што ги научила. Благодарам.

  

Најново

Маркова река се излеа во Батинци, градоначалникот на Студеничани вели дека нема потреба од евакуација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се излеа Маркова река кај Батинци, односно на патот кон Маркова река

Sase Ivanovski

Најголемите резерви на природен гас…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот Драчево- Пинтија е под вода поради излевањето на Маркова река

Sase Ivanovski

Пациенти чекаат од 2020 година да им биде вградена протеза на колк, рамо или колено и во редакцијата на „Слободен печат“ се жалат дека пред нив биле земени за операција други пациенти преку ред, без воопшто да бидат на листата на чекање…

Sase Ivanovski

Сведок на трагедијата во Кочани: Ако пожарникарите со секира скршеа некоја од вратите или еден од ѕидовите ќе се спасеа многу сега загинати

Sase Ivanovski

УСАИД И СОРОС СИ ОТИДОА: Кој ќе го преземе финансирањето на обоени револуции?

Sase Ivanovski

Реакција на министерот за правда Игор Филков на изнесените невистини на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма

Sase Ivanovski

„О2“ бара одземање на А-интегрираната дозвола на Булмак 2016 по хаваријата во Тораница!

Sase Ivanovski

Тројца кавадарчани ќе одговараат, преку социјална мрежа му се заканувале на шефот на полицијата

Sase Ivanovski

Преговорите меѓу Русија и САД се во ќор-сокак – Путин одолговлекува, вели Бербок

Sase Ivanovski

Цуцуловски за случајот со обезбедувањето на Мицкоски: КАКО Е МОЖНО?

Sase Ivanovski

„Тетово сака парк“: Државно земјиште е продадено за смешни 7.000 евра, Касами се грижи само за капиталот на урбаната мафија

Sase Ivanovski

Трагично загина руски политичар, проверувал дали пиштолот е полн и му пукнал во рацете

Sase Ivanovski

Вучиќ: Одиме кон воен сојуз со Унгарија

Sase Ivanovski

Милошоски: Министерот за правда Филков има слаби перформанси!

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Крива Паланка до директорот на Булмак: Ако имавме држава Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Донесени се првите законски измени, забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и повисоки казни за прекршителите

Sase Ivanovski

Анкета: Големо мнозинство Европејци поддржуваат одмазднички царини против САД

Sase Ivanovski

Репортажа: Инфлацијата во ЕУ забавува, цените во Германија пониски од Македонија

Sase Ivanovski

За да се расчистат над 1.200 ѓубришта, итно ни требаат функционални депонии по европски стандарди

Sase Ivanovski

MOН го објави конкурсот за упис во средно образование

Sase Ivanovski

Со настани во Скопје и Тирана, утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на проверка на факти

Sase Ivanovski

Истрагата за трагедијата во Кочани трае, Обвинителството не открива детали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иднината на серијалот игри Horizon Zero Dawn со најава за online верзија

Sase Ivanovski

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк пред пратениците, УСС УКИМ апелира да ги изгласаат

Sase Ivanovski

Северна Македонија не планира да стане дел од соработка во одбраната меѓу Хрватска, Албанија и Косово

Sase Ivanovski

Хрватската ХРТ со документарец за несреќата во Кочани – солзи сами течат – Не смее да се заборави – не смее да се повтори!

Sase Ivanovski

Владата одобри набавка на 120 еколошки автобуси, 80 ургентни во Скопје останатите по потреба

Sase Ivanovski

Димитрија Доксевски е новиот директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Sase Ivanovski

Во притвор припадник на обезбедувањето на премиерот за оддавање службена тајна

Sase Ivanovski

ЕСМ: Од 1 до 5 април минимални редукции на парното во Скопје

Sase Ivanovski

Амбасадата на САД во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина

Sase Ivanovski

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Sase Ivanovski

Најмалку три лица загинаа во израелски воздушен напад на југот на Бејрут

Sase Ivanovski

Сомнителни набавки за роднини и другари во општина Велес: Тракторчето од 44.000 евра во рацете на приватна фирма

Sase Ivanovski

Вучиќ: Нема да има преодна влада

Sase Ivanovski

Путин ја потпиша мобилизацијата: Најмногу луѓе се повикани на воена служба во последните 10 години

Sase Ivanovski

Ле Пен по осудата за кражба на пари од ЕУ: Милиони Французи се бесни

Sase Ivanovski

Шкендија: Минутата молк беше испочитувана, но група поединци се однесуваше неодговорно

Sase Ivanovski

Неуспешна амбиција: Најголемиот стадион во светот со години е празен, изграден за инает на непријателот

Sase Ivanovski

Над 2.000 жртви, 300 исчезнати и 4.000 повредени по земјотресот во Мјанмар, прогласена е седумдневна жалост

Sase Ivanovski

Тројца загинати од паднато дрво во бурата во Мичиген

Sase Ivanovski

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот Коњановски оти не ги потпишувал одлуките на Советот за смена на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сајкоски: Денеска заедно со општествено одговорни компании донираме едно амбулантно возило за потребите на Општа болница – Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Преговори за заеднички контроли на Граничен премин Табановце-Прешево

Sase Ivanovski

Соработката е клучна: Општините се прва линија во управувањето со отпад

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

Коалиција за заштита на децата со писмо за подршка за децата до Антонио Милошоски

Sase Ivanovski

ВЛАДА, Мицкоски на Советот за реформа на јавната администрација: Време е за промени, потребна ни е ефикасна и посветена администрација

Sase Ivanovski

Факултет за музичка уметност – Скопје: ГРАН ПРИ за нашиот оркестар „Солисти на ФМУ” и проф. м-р Сашо Татарчевски

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ, КАСАМИ И ИБРАХИМИ КОНТРА ТАРАВАРИ: НЕМАМЕ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО АЛИ АХМЕТИ

Sase Ivanovski

Поскапуваат горивата

Sase Ivanovski

На концертот посветен на Тоше ќе се пеат песни и од ДНК, дел од средствата ќе се донираат за Кочани

Sase Ivanovski

Инспекторот од обезбедувањето на премиерот сакал да продаде тајни документи за да добие 50.000 евра

Sase Ivanovski

20-годишник натепан во населба Перо Чичо

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Креираме нов едношалтерски систем за Царинската управа со што ќе овозможиме поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Странските инвестиции ќе бидат главен мотор на економијата

Sase Ivanovski

ВНИМАТЕЛНО СО МИНИМАЛЕЦОТ: Расчекорот со растот на продуктивноста е закана за инфлацијата

Sase Ivanovski

Секоја втора жена во Македонија не работи, а тие што работат се помалку платени

Sase Ivanovski

СЀ ПОМАЛКУ ЛИЦА БАРААТ РАБОТА – невработеноста постојано паѓа, но бројот на вработени осцилира

Sase Ivanovski

Систем за одржливо управување со отпад – клучен чекор кон почиста иднина на Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јована Тренчевска: Сите пратеници да го поддржи законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски: Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плати? – Синдикалците на батерии се прочитани

Sase Ivanovski

Манасиевски: Наместо да ја поздрават акцијата на МВР, СДС се однесуваат како дете на кое ништо не може да му се погоди, ВМРО-ДПМНЕ води бескомпромисна борба против секаков вид злоупотреби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: СДСМ ја повика ДКСК да го прошири предметот со новиот скандал за Андоновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестите во Белград: Маж се обидел да ја пробие блокадата и ги навредувал и им се заканувал на студентите

Sase Ivanovski

Забрана за користење пиротехника во затворен простор – пратениците едногласно ги изгласаа законските измени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Миле Талески : Мицкоски не може да не знае – втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземје

Sase Ivanovski

Неопходна е итна акција – регионалниот систем за управување со отпад целосно ќе го модернизира начинот на кој се справуваме со отпадот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски со одлична вест за пензионерите: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до Трендафилов: Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Библиска катастрофа од Парос

Sase Ivanovski

НБА се сели во Европа: Влезот во новата лига ќе чини 500 милиони евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....