Македонија повторно има своја претставничка на изборот за Мис на светот, а честа да ја претставува нашата земја ѝ припадна на 20-годишната Чарна Невзати. Натпреварот официјално започна во саботата вечерта во Хајдерабад, Телангана, со спектакуларен приказ на културни настапи, меѓународна мода и глобално претставување. На сцената меѓу преставничките од речиси 110 земји кои се дел од овој натпревар блесна и нашата Чарна со впечатлива креација од Фуад Сарикис. Плисираната омбре керација со боите на македонското знаме беше надополнета со раскошен цветен додаток на главата.На сцената меѓу преставничките од речиси 110 земји кои се дел од овој натпревар блесна и нашата Чарна со впечатлива креација од Фуад Сарикис. Плисираната омбре керација со боите на македонското знаме беше надополнета со раскошен цветен додаток на главата.
View this post on Instagram
„Чекорејќи во наследството на убавината со цел, на 72-та церемонија на отворање на Мис на светот, повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална сцена. Чест ми е да ја носам оваа прекрасна креација од Фуад Саркис, ти благодарам што ме натера да се чувствувам како кралица! На здравје за новите пријателства, незаборавните моменти и патувањето за цел живот“, напиша Чарна покрај фотографиите од отворањето на натпреварот. Инаку, 72. издание на натпреварот Мис на светот ќе се одржува од 7 до 31 мај и ќе опфаќа разновиден спектар на културни, духовни и добротворни активности.