Во наредните денови моите сограѓани конечно го добиваат она кое 30-тина години им беше ветувано, оваа важна сообраќајница сега целосно е реконструирана. Покрај новиот асфалт, овој проект опфаќа и нова атмосферска канализација со што деценискиот проблем станува минато, како и комплетно нови тротоари и лед осветлување. Времето на лажни ветувања и посети само за време на избори, заврши.Мојот народ сето ова го заслужува, бидејќи уредно и домаќински си плаќа даноци за да има нормални услови за живеење. Ние сме заедно, сојузници во креирањето на новиот лик на нашата Кисела Вода и сплотени ќе направиме уште поголеми работи. За нас, нашите деца и идните генерации, за наша Кисела Вода.Продолжуваме!