ФИФПро го објави тимот на најдобрите за изминатите година откако над 28.000 фудбалери од 70 држави ширум светот учествуваа во гласањето. Во тимот најмногу фудбалери доаѓаат од редовите на Реал Мадрид , а тука е и Тони Крос кој по Европското првенство летово објави пензионирање. Од останатите клубови четири фудбалери доаѓаат од Манчестер сити и еден од Ливерпул. Тимот е составен во формација 3-4-3.
