
Илјадници картонски кутии, пакети и останат отпад е веројатно одеднаш депониран на оваа локација на која што се поставени дури 14 комунални контејнери за ѓубре, но сепак скопјани и овде успеаа да направат дива депонија.

Количината на ѓубре е толку голема, што дури се прелива и целосно ја блокира гаражата за влез во објектот сместен веднаш до контејнерите.
