Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува дека е неговиот 15-годишен брат, изјави обвинителот на Ремс.
Осумдесет и седумгодишна жена и нејзиниот 59-годишен син, кои живееле на осмиот кат, се задушиле од чадот. Тешко се повредени уште две лица, меѓу кои и вториот татко на загинатите деца, кој има сериозни изгореници. Вкупно 26 лица се хоспитализирани со полесни повреди.Обвинителот рече дека „нема сомнеж“ дека пожарот избувнал ненамерно, поради електричнен тротинет која се запалил од засега непозната причина. „Пожарите предизвикани од батерии се исклучително тешки за гаснење“, нагласи тој. Пожарникарите се бореле со огнот повеќе од три часа.