Францускиот сенатор Клод Малхурет денеска одржа говор во францускиот Сенат, во кој остро ја критикуваше моменталната состојба на американската политика и нејзиното влијание врз глобалните настани, особено војната во Украина. Малхурет го спореди Вашингтон со дворот на императорот Нерон, го нарече Трамп „луд император“ и го опиша Илон Маск како „дворски лудак на кетамин“.
„Бевме во војна со диктатор, сега сме во војна со диктатор поддржан од предавник“, рече Малхурет, додавајќи дека верува оти одлуките на Трамп практично ги усогласиле САД со Русија на Путин, што дополнително го комплицира конфликтот во Украина.